Тинејџер се обидел да силува шест годишно девојче, бил претепан од таткото на девојчето

0
405

Полицијата уапси 16-годишно момче за кое има сомневање дека минатата недела, во ноќта меѓу четвртокот и петокот, упаднал во семејната куќа на брачната двојка во Роан и извршил полов напад врз шестгодишно девојче. Таткото на девојчето следниот ден успеал да го лоцира напаѓачот и да го претепа речиси до смрт, пишуваат француските медиуми.

Според сомневањата на полицијата, момчето упаднало во куќата околу три часот наутро, влегувајќи низ балконската врата која не била заклучена. Потоа отишло на првиот кат од куќата каде се наоѓаат спалните соби на родителите и девојчето, влегло во собата на девојката и почнало да ја допира и сексуално да ја злоставува. Во моментот на нападот мајката била сама со децата дома, бидејќи таткото работел ноќна смена. Во еден момент таа слушнала бучава и отишла во собата на девојчето, каде го видела напаѓачот.

Кога мајката почнала да вреска, напаѓачот избегал, а таа се јавила во полиција. Таткото набрзо дошол дома, а во разговор со соседите дознал дека во изминатите денови виделе сомнителен тинејџер како талка низ населбата. Описот на тинејџерот се совпаѓал со описот даден од неговата сопруга.

Таткото тогаш решил да го обиколи маалото со тројца пријатели и еден сосед. Во петокот вечерта виделе момче како се шета низ населбата. Тие го фатиле момчето го фотографирале и сликата ѝ ја испратиле на мајката на нападнатото девојче. Таа наводно потврдила дека се работи за тоа момче, по што таткото и еден од неговите пријатели почнале да го тепаат.

 

slobodenpecat.mk