Нападнат сопругот на Ненси Пелоси

0
250

Сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, бил нападнат откако им била провалена куќата и завршил во болница, јавува Sky News. Осомничениот е уапсен, а Пол Пелоси е повреден и се наоѓа во болница, потврди портпаролот на Ненси Пелоси, Дру Хамил. „Напаѓачот е во притвор и се истражува мотивот за нападот“, изјави Хамил.

 

Портпаролот рече дека Пол Пелоси бил пренесен во болница, каде што „добива одлична медицинска нега и се очекува целосно да закрепне“. Ненси Пелоси, како што вели портпаролот, не била во Сан Франциско, каде се случил нападот.

Осумдесет и двегодишниот Пол Пелоси е осуден за прекршочна пријава за возење под дејство на алкохол, откако во мај доживеа сообраќајна несреќа. Тој беше осуден на пет дена затвор во округот Напа, Калифорнија. Пелоси поседува фирма за недвижнини и ризичен капитал со седиште во Сан Франциско.

 

 

index.hr