СДК.МК: Арсовска ги тргна портретите на досегашните градоначалници на Скопје од салата за состаноци и ги закачи во ходникот со вецињата

0
260

Градоначалничката Данела Арсовска ги тргна портретите на досегашните градоначалници на Скопје кои над 20 години стоеја во салата за состаноци до нејзиниот кабинет. Неколку месеци по доаѓањето на функцијата, Арсовска наредила портретите да се тргнат од салата и да се закачат во ходникот каде што се вецињата и бифето. Така, сега портретите на Петре Шилегов, Коце Трајановски, Трифун Костовски, Ристо Пенов, Јове Кекеновски, Горан Николовски и Милан Талевски висат над вецињата, во ходник каде што не поминува Арсовска, објави sdk.mk.

Уште од времето на Ристо Пенов, а можеби и пред тоа, портретите од сите досегашни градоначалници стоеја во салата за состаноци, која се наоѓа и е дирекно поврзана со канцеларијата на Градоначалникот на Град Скопје. Во оваа сала, градоначалниците одржуваат работни состаноци, примаат поголеми делегации и гости. Исто така, во салата каде беа досега портретите повеќе од 20 години сите досегашни градоначалници одржуваа прес-конференции и брифинзи со новинари, новогодишни приеми за медиумите и работни средби со нив.

Текстот во целост на: sdk.mk.

фото: sdk.mk.