Седумдневен притвор за Педро Кастиљо, веќе поранешен претседател на Перу

0
174

На Педро Кастиљо, веќе поранешен претседател на Перу, по вчерашното лишување од слобода доделен му е седумдневен притвор, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Перуанскиот врховен судија Хуан Карлос Чекли изјави дека Кастиљо го прекршил уставниот поредок и дека е издадена наредба за привремен притвор од седум дена.

Во текот на сослушувањето, заменик-државниот обвинител Марко Хуаман информира дека Кастиљо побарал азил во Мексиканската амбасада и напоменал дека постои „голема веројатност за бегство“.

Виктор Перез, адвокатот на Кастиљо, изјави дека Кастиљо не повикал на вооружено востание во своето обраќање кон нацијата.

„Изјавите на мојот клиент во неговата порака не претставуваат чин на побуна. Зошто лицето би сакало да избега кога не ги сторило делата за кои се товари?“, рече Перез.

Канцеларијата на државниот обвинител на 12 октомври го обвини Кастиљо за корупција, за наводно водење на криминална организација и извршување злосторства.

Кастиљо синоќа во своето обраќање на телевизија рече дека ќе бара конгресни избори за да се одобри новиот Устав. Неговото обраќање е објавено неколку часа пред да се соочи со судење поради отповикување на Конгресот.

Кастиљо е приведен по телевизиското обраќање, а на снимките на социјалните мрежи се гледа како полицијата го приведува на улица.

Претставниците на Конгресот продолжиле да гласаат за отповикување на Кастиљо. На 7 декември Кастиљо е сменет, а потпретседателката Дина Болуарте положи заклетва и стана нов претседател на Перу.

Кастиљо мина низ две неуспешни отповикувања. Се соочува со истрага за наводно сторени злосторства поврзани со „злосторничка организација“, но тој ги негира обвинувањата, изјавувајќи дека „економските групи на интерес“ сакаат да го сменат. Против Кастиљо се водат пет кривични истраги.

На изборите што се одржаа на 11 април 2021 година, Кастиљо победи во вториот круг, на 6 јуни 2021. Беше избран за претседател на Перу со петгодишен мандат, од 2021 до 2026.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).