Туркије: Даден е неопходниот одговор по грчкото мешање во вежбата на НАТО

0
135

Туркије денес соопшти дека го дала неопходниот одговор откако грчки авиони се обиделе да се вмешаат во тренинг мисија на НАТО спроведена во меѓународниот воздушен простор над Егејското Море, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Борбените и помошни авиони на нашите воздухопловни сили и авионите АВАКС нарачани од НАТО ја извршија мисијата за обука NEXUS ACE, за која беа известени сите сојузници 24 часа однапред, во меѓународниот воздушен простор над Егејското Море, во понеделникот“, соопшти турското Министерство за национална одбрана.

Се додава дека иако грчките авиони се обиделе да ја спречат мисијата, Турските воздухопловни сили ја продолжиле својата задача за успешно завршување на мисијата.

Туркије, која е членка на НАТО повеќе од 70 години, се пожали на повторените провокативни акции и реторика на Грција во регионот во последниве месеци, вклучително и вооружување на островите во близина на турското крајбрежје кои се демилитаризирани според обврските од договорот. Таквите потези ги оневозможуваат нејзините добронамерни напори за мир.

Извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).