Познат одбојкарски и брачен пар загина во земјотресот во Турција

0
196

Под урнатините по разорниот земјотрес во Турција, пронајдени се телата на одбојкарската брачна двојка Бетул Чобан Чакир и Бедретин Чакир.

-Нашата болка е голема. Со длабока тага дознавме за заминувањето на Бетул Чобан Чакир, која со години го претставуваше нашиот клуб на најдобар начин, како и заминувањето на нејзиниот сопруг Бедретин Чакир, исто така одбојкар. Им посакуваме Божја милост, рајот нека ви биде местото…, стои во соопштението на клубот „МериносВолеј“.

 

курир.мк