(ВИДЕО) Пијан гостин им фрли торта на младенците

0
151

Вирално видео од венчавка што тргнала наопаку се шири на социјалните мрежи. Имено, за време на церемонијата на сечењето на тортата, еден пијан гостин со раце ја искинал тортата и потоа почнал да ја фрла по младенците.

Младоженецот брзо реагирал на неговиот непромислен потег удирајќи го со тупаница по лицето, а видеото станало вирално.

Видеото, кое прво беше објавено на TikTok, а потоа избришано, почна да кружи на социјалните мрежи, а снимката собра повеќе од два милиони прегледи само на Твитер.

 

Реакциите на Твитер

„Јас да сум невестата, на овој човек ќе му помине лошо. Тортата чини пари, а некои невести замрзнуваат парче за да јадат една година подоцна, тој им ја уништи свадбата“, напишал еден корисник на Твитер.

„Колку чинеше тортата? Да сум јас младенците, би го тужел барем за тоа“, напишал еден твитер, додека друг забележал: „Толку е пијан што не можеше да ги удри ни со парче торта. ”

 

index.hr