(ВИДЕО) Северина падна на сцената среде настап, таа си го сподели видеото и напиша: Вака завршувам секогаш кога сакам да одморам

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ падна за време на нејзиниот настап, а видеото сама го сподели со нејзините следбеници на социјалните мрежи.

„Според кореографијата планирав да се фрлам во публиката, но се случи малку порано… Всушност, ова го правам секогаш кога сакам да одморам на сцената…“, се пошегува Северина на своја сметка.

Инаку, настапот на Северина бил организиран во рамките на промоцијата на списанието „HELLO!“ за хрватскиот пазар.

извор: ФБ Северина