Падна Инстаграм: Корисниците на социјалната мрежа ширум светот од утрово пријавуваат проблеми

Се чини дека Инстаграм, една од најпопуларните платформи на социјалните мрежи ширум светот, утрово не работи, пишува „Дејли мејл“.

Според DownDetector, проблемите започнале рано утринава и ги погодуваат корисниците ширум светот.

Иако причината за прекинот останува нејасна, од оние кои пријавиле проблеми во ОК, 44 отсто рекле дека имаат проблем со апликацијата, 43 отсто со веб-страницата и 13 отсто со њуз фидот.

MailOnline се обиде да пристапи до профилите на десктоп верзијата на платформата и доби порака за грешка која гласеше:

„Нешто тргна наопаку. Има проблем и страницата не може да се вчита“.

Многу корисници на оваа социјална мрежа на Твитер објавија дека нивниот Инстаграм воопшто не работи.

извор: Република