Во целосен прекин сообраќајот за товарни возила на патот Крива Паланка – ГП „Деве Баир“ поради одрони

0
116

Поради обилни врнежи од дожд, сообраќајот наизменично се одвива и на патниот правец Македонска Каменица – Делчево (А3). На оваа делница сообраќајот се одвива по една коловозна лента за сите видови возила, информираат од АМСМ
Поради одрони на регионалниот пат А2 на еден километар од излезот на Крива Паланка утрово од 6:30 часот во целосен прекин е сообраќајот за товарни возила на делницата Крива Паланка – Граничен премин „Деве Баир“, а наизменично се одвива за патничките возила, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).
Поради обилни врнежи од дожд сообраќајот наизменично се одвива и на патниот правец Македонска Каменица – Делчево (А3). На оваа делница сообраќајот се одвива по една коловозна лента за сите видови возила.

Инаку, според утринскиот извештај на АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

амсм