Групна тепачка се случила вечерва во општината Карпош во близина на трговскиот центар Антико, објави „Инфомакс“.
Во тепачката учествувале две групи, а на местото на настанот има засилено полициско присуство, а повикани се две екипи на брзата помош.
Според првичните информации има потешко повредени лица, а засега нема информации дали се користело огнено или ладно оружје.
Според „Макфакс“, станува збор за физичка пресметка која избила откако дете било удрено од автомобил. Неофицијално, има повредени, a интервенирале и екипи на Итната медицинска помош.
Фото: Архива