(ВИДЕО) Младински кошаркарски репрезентативец стана хит – ја „избриша“ Северна за да се гледа само Македонија

Младинскиот кошаркарски репрезентативец, Тома Стојаноски, преку ноќ стана хит на социјалните мрежи, откако на доделувањето на медалите по завчерашното финале на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, во Скопје ја покри додавката „Северна“ за да се фотографира само со името Македонија на дресот, објави sport1.mk.

Со овој потег, кошаркарот на Гостивар покажа што мисли за промената на името на државата, со што стана херој на сите истомисленици, кои не можат да ја прифатат додавката наметната со Преспанскиот договор. Македонија во минатото играше само со знаме на предната страна на дресот, со цел да се избегне ставањето на непосакуваните наметнати имиња, како претходниот акроним ФИРОМ, но во последните две години играме со дресови на кои е напишано Северна Македонија на англиски јазик.

 

Стојаноски е 19-годишен крилен центар, кој неодамна го обнови договорот со гостиварци, за кои ќе игра во следната сезона.

извор:/sport1.mk