ВМРО ДПМНЕ: Фрчкоски и Османи држат четири милиони долари од продажбата на апартманот на Тито во Њујорк!

Уште еден скандал на повидок со амин на СДС и одобрување од страна на Бујар Османи!Тивко се кријат 4 милиони долари пари што и припаѓаат на Македонија и на Македонците!

Апартманот на Тито на Парк Авенија во Њујорк беше продаден пред повеќе од една година. Во процесот на сукцесија односно поделба на имотот на сите 6 републики од бившата држава, на Република Македонија и припаднаа 4 милиони американски долари од оваа продажба.

3,4 милиони долари веќе се префрлени на сметката на Постојаната мисија на Македонија при ОН уште минатата есен, додека останатите 600.000 се очекуваат секој момент да се вратат на Македонија, вели Наум Стоилковски.

Според информациите, амбасадорот Љубомир Фрчкоски и покрај неколку инструкции од МНР, една во декември, а другата во јуни годинава, парите да ги префрли во буџетот на државата, тоа одбива да го направи и ги држи на сметката од Мисијата.

1. Какви инструкции има амбасадорот Фрчкоски за трошење на државните 4 милиони долари?

2. Дали овие пари се планирани за купување на имот и потенцијална матна зделка?

3. Зошто Ковачевски молчи кога најверојатно е информиран за сето ова?

4. И на крај, дали транзицискиот професор и политичар смета дека може да присвои пари од оние што се на граѓаните на Македонија како што тоа било во пракса во 90-тите години?

Го повикуваме Бујар Османи веднаш и без размислување да си поднесе оставка! Ги повикуваме истражните органи во државата веднаш да побараат објаснување зошто 4 милиони долари не се вратени во Буџетот на Македонија!

Го охрабруваме Ковачевски да и каже на македонската јавност што знае за оваа сума на пари и зошто до сега не преземал ништо?

 

извор: ВМРО ДПМНЕ