Од полноќ поскапи горива

Цените на годирвата од полноќ се зголемуваат во просек за 0,99%, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на „еуросупер-95“ од полноќ се зголемува за 50 дени и ќе чини 90,50 денари за литар, на „еуросупер-98“ не се менува  и тој ќе чини 92,50 денари. Дизелот поскапува за 1 денари и ќе чини 87 денари за литар.

За 1 денар поскапува и масло за горење „екстра лесно“ и ќе се продава по цена од 86 денари литар, додека килограм мазут ќе чини 48,268  денари.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,225%, кај дизелот за 1,906 проценти, кај екстра лесното масло за 1,619% и кај мазутот зголемувањето е за 1,445%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,042 отсто – велат од РКЕ.