Скопјанец (68) пронајден починат во својот дом

0
92

Вчера попладне во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат 68-годишниот Љ.С. од Скопје, извести МВР.

– Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство, додаваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба од Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Извор: МВР