(ВИДЕО) Гори фабриката за бои и лакови во Тетовско

Гори фабриката за бои и лакови „Еуроком“ во тетовското село Фалиуше. На местото на настанот се пожарникари од Тетово, заедно со пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. На околното население им се препорачува да ги затворат прозорците и да не престојуваат надвор, на отворено.

На местото на настанот е и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов кој го  координира гаснењето на пожарот на пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми кои можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот.

ф

Ангелов се обиде да повика и хеликоптер од МВР, но временските услови во Тетово, густа магла, не дозволуваат гасење на пожар од воздух во овој момент.

 

извор: МКД.МК