Почина момчето кое мајка му го поли со бензин и го запали!

0
177

Дваесет и шестгодишниот А.Т. од Српска Црна, кој се здоби со тешки повреди откако неговата мајка го поли со бензин и го запалила, почина утрово во Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, јави РТС.

Младиот човек со изгореници опасни по живот итно бил префрлен на Клиниката за анестезија, интензивно лекување и терапија на болка на Клиничкиот центар во Војводина, каде по седум дена им подлегнал на повредите.

На мајката на С.М ѝ е изречена мерка притвор до 30 дена, а бидејќи смртта настапила по кривичното дело, случајот најверојатно од Основното јавно обвинителство Кикинда ќе биде префрлен во Вишото јавно обвинителство во Зрењанин.

Според досегашните информации, С.М. се сомничи дека на 3 декември околу 19 часот, во семејната куќа во Српска Црња, по кавга го полеала момчето со запаллива течност, по што од сѐ уште неутврдени причини, неговата облека се запалила.

Неговиот татко Раде за медиумите раскажал дека не му е јасно како можела мајката да го повреди своето дете.

Тој ми е најстар син. Голема рана ми е ова и тешко ми е да зборувам. Се здобил со изгореници, над 50 проценти, веројатно ќе го загуби видиот и косата му е целосно изгорена, вели неговиот татко.

Вели дека неговиот син понекогаш знаел да ја испровоцира својата мајка, но не може да најде причина за она што се случило.

Како може мајка ова да му го стори на своето дете. Таа ме остави и отиде кај друг човек. Син ми беше лут поради тоа и го разбирам, знаеше да ја навреди, но нема работи што можел да и ги каже, за таа поради тоа да го запали, вели тој.

Осомничената жена издржувала казна куќен притвор без електронски надзор, а синот и дошол во посета кога таа после кавга го полила со бензин и го запалила.

Според изјавата на нејзиниот помлад син, таа ги оставила осумте деца кај првиот сопруг и заминала да живее со друг маж кој исто така бил алкохоличар. Била казнета за нанесување на тешка телесна повреда, но не лежела во затвор.

извор: Република