Студен бран, сабота и недела температури и минус 15 степени под нулата

0
95

Во текот на денешната вечер, и ноќта кон утрешниот ден врнежи од снег со слаб до умерен интензитет ќе има на повеќе места низ Македонија, па така понекаде и во градовите се очекува формирање на мала снежна покривка.

На планините и на Скијачките центри очекуваме формирање на позначителна снежна покривка (до утре наутро и до 20 сантиметри, понекаде и повеќе).

Од утре ни следува сув студ, а температурите наутро понекаде ќе се спуштат и до -10 степени. Преку ден останува многу студено со температури кој на повеќе места ќе се задржат околу или малку над нулата. Понекаде тие ќе останат и под нулата.

Во Скопје исто така очекуваме провејување на снег, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини.

Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет.

Во сабота и во недела очекуваме поларни утра и температурите на воздухот понекаде ќе се спуштат дури до околу -15 степени. Нови обилни врнежи од снег и нов циклон барем според сегашните излази на нумеричките модели очекуваме веќе следната седмица, стои во најновата објава од метеопрогнозерот Славчо Попоски.