Новинарот Љупчо Златев во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ на радио „Лидер“ утрово објави дека вице премиерот Артан Груби летоска бил одбиен за американска виза.
Тој ова го кажа дека проверено го знае и дека Груби виза за САД не добил уште минатото лето.
Ваквата информација Златев ја кажа во контекст на разговорот во кој се анализираше нападот со рекетари во М НАВ.
До сега од ДУИ на црната листа на САД е само Рамиз Мерко, а јавноста секојдневно е под канонада од скандали, криминали, рекетари, насилства и комплетно нарушување на безбедноста и животот на граѓаните.