Со секоја средба се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е, онаа вистина којашто ја чувствуваа нашите граѓани и којашто е важна за Македонија.
Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците, годините коишто следат. Мора да успееме.
Мора да бидеме таму каде што заслужуваме а тоа е успешна европска приказна, а местото наше е во рамките на Европската Унија, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук по средбите во Будимпешта.
После состаноците на европската политичка заедница во Будимпешта сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде и ќе не биде!