(ВИДЕО) Видео кое ќе ви ја стопли душата – Куче-скитник чува жртва од сообраќајка додека пристигна Итната помош

0
204

Не треба да се трошат премногу зборови за да се опише колку се верни миленичињата кучиња и со колку љубов им пристапуваат на своите сопственици.

Куче скитник е главен лик во видео кое се споделува на социјалните мрежи. Тоа се обидело да му помогне на целосен странец. Видеото е снимено на крајот на 2023 година.

Турските медиуми објавуваат дека млад човек доживеал несреќа и останал да лежи на тротоарот додека не дојде брзата помош. Друштво му правело куче скитник, очигледно загрижено за неговото здравје.

Во еден момент кучето ја стави шепата на него, како да му вели: „Не грижи се, јас сум тука да те заштитам“.