Ѓоковиќ поразен после шест години, му честиташе победа на Синер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше поразен од Јаник Синер во полуфиналето на Австралија опен со 3:1, по сетови 6:1, 6:2, 6:7, 6:3, со што го забележа првиот пораз по шест години на турнир во Мелбурн.

Ѓоковиќ не можеше да игра против расположениот и многу добар Синер, кој одигра буквално без грешка. Не му дозволи на Новак Ѓоковиќ ниту една брејк топка, што е исклучително важно на ваков меч.

Новак по мечот виде и колку е надмоќен неговиот противник и колку подобро игра, што се покажа и со нивниот поздрав. Ѓоковиќ истрча до мрежата, го прегрна Синер и му честиташе на победата.

Како изгледаше тоа можете да погледнете во галеријата подолу.

 

telegraf.rs