Избрани кандидатите на ЗНАМ за носители на листите за пратеници, ќе бидат претставени на конвенција в недела

Политичката патија Движење ЗНАМ-За наша Македонија, на денешната прес конференција информира дека вчера со акламација на седницата на Извршниот, а потоа и на седницата на Централниот одбор се утврдени носителите на листите во сите шест изборни единици за претстојните Парламентарни избори.

Како што рече портпаролот на Движењето, Никола Мемов, за носители на листите се кандидирани луѓе кои се нови во политиката, стручни во областите во кои што работат, чесни, луѓе со карактер и вистински вредности, но и луѓе кои веќе имаат политичко искуство, со чист образ.

За носители на листите се утврдени следните кандидати:

– За носител на листата во ИЕ 6, магистер на правни науки, насока: Бизнис право г-дин Небојша Захариевски, Претседател на ОО Движење ЗНАМ-За наша Македонија-Тетово

– За носител на листата во ИЕ5, г-ѓа Весна Бендевска, дипломиран психолог, УКИМ Скопје, поранешна пратеничка во Собранието на Република Македонија, поранешна Претседателка и член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Потпретседателка на Движењето ЗНАМ За наша Македонија.

-За носител на листата во ИЕ 4, Миле Цеков, дипломиран економист на отсекот Меѓународна трговија, Претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија и Претседател на ОО на Движењето ЗНАМ За наша Македонија-Струмица.

-За носител на листата во ИЕ3, доктор на историски науки г-дин Павле Арсоски, Генерал-мајор во пензија и Потпретседател на Движење ЗНАМ-За наша Македонија.

-За носител на листата во ИЕ2, магистер по кривично процесно право г-дин Даниел Стојчевски, Директор на ЈП Чистота и зеленило Куманово и Претседател за ОО на Движењето ЗНАМ За наша Македонија-Куманово, и

-За носител на листата во ИЕ 1, Доц. д-р Бобан Карапејовски, професор на катедрата за македонски јазик при Филолошки факултет Блаже Конески во Скопје и член на ИО на Движење ЗНАМ-За наша Македонија.

Портпаролот Мемов истовремено информира дека во недела, на 24-ти март 2024 година, со почеток во 13,00 часот, во Спортско Рекреативниот Центар Кале во Скопје, Движењето ЗНАМ За наша Македонија ќе одржи Конвенција, на која ќе ги претстави носителите на листите за следните Парламентарни избори во сите шест изборни единици.

На Конвенцијта, како што рече Мемов ќе се обрати и кандидатот за Претседател на Македонија, г-нот Максим Димитиревски.
Тој додаде дека Конвенцијата е од отворен карактер и упати покана до сите граѓани кои имаат интерес да присуствуваат на настанот.
На прашањето: Зошто генералниот секратар не е носител на некоја од изборните единици, портпаролот на партијата Никола Мемов одговори:
„Генералниот секретар и шеф на Централниот Изборен штаб на Движењето ЗНАМ –За наша Македонија, господин Горан Минчев беше предложен за носител на листата на Изборната Единица 2.

На негово барање тој ќе биде на листата за пратеници во таа изборна единица,но на последното 20-то место.
Преку личен пример генералниот секретар, Горан Минчев упатува порака дека ние од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се разликуваме од другите и дека личните интереси и борбата за јавни функции не се става на прво место.
Нашите мотиви за општествениот ангажман се од идеолошка природа, а не од лична“, потенцира портпаролот на Движењето Никола Мемов.

Извор и фото: biznisvesti.mk