Во двор на основно училиште во Госвтивар паднала метална врата врз дете

0
72

Вчера во 12 часот и 50 минути, 35-годишниот гостиварец М.Т. во СВР Тетово пријавил дека на 24-ти овој месец околу 17 часот и 30 минути, играјќи во дворот на основно училиште во околната населба Циглана, врз неговиот малолетен син паднала метална врата и му нанела повреди.

Тој бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Полицијата соопшти дека се расчистува и документира случајот.