Тошковски: Несериозна и непрофесионална е изјавата на Бојмацалиев за убиството на лекарот

0
58

Министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски, коментирајќи ја изјавата на дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев, кажа дека е несериозна и непрофесионална.

Тошковски апелираше да се внимава какви информации се изнесуваат во јавноста.

-Не би можел да навлегувам во деталите што се преземаат од страна на МВР, рече Тошковски.

Претходно Бојмацалиев во изјава за „Слободен печат“ кажа дека било утврдено дека лекарот не е убиен во својот автомобил, туку на друго место, и донесен во автомобилот.

Реагираше и Јавното обвинителство од каде порачаа да не се споделуваат детали

„Откривачката улога во случајот ја има МВР, а Јавното обвинителство ги издава сите потребни наредби и насоки за откривање на сторителот и за целосно расчистување на настанот. Со оглед на тоа што МВР сè уште не идентификувало сторител на кривично дело, Јавното обвинителство не е во можност да споделува детали кои можат да ја загрозат постапката“, се вели во одговорот на Јавното обвинителство за „360 степени“.

извор: „Слободен печат“