Пијана баба ги заклучила внуците на тераса: Девојчето паднало од 3 кат, брат и (4) тргнал да скока по неа

0
204

2-годишно девојче е тешко повредено во Але, Франција, кога паднало од 3-ти кат во зграда откако баба и ја заклучила на тераса.

Несреќата се случила на 1 април, а детето за среќа паднало на жива ограда што го ублажило падот и во моментов е надвор од животна опасност, потврдија од болницата.

Полицијата набрзо ги уапсила бабата и дедото кои кобниот ден ги чувале трите деца. Според извештаите, бабата била во тешка алкохолизирана состојба.

Братот сакал да скокне по сестра си
Соседите тврдат дека братот на повреденото девојче, кое има само четири години, самиот почнал да се качува преку оградата, но тоа го видел соседот и почнал да вреска и да им ѕвони на сите на домофонот.

Еден од станарите на 3-ти кат го слушнал крикот и влетал во станот на бабата и дедото и во последен момент го грабнал момчето.

Бабата која цело време била во станот, наводно не забележала дека едното дете паднало од тераса, а другото го следи. Извор од истрагата наведува дека во крвта имала 3 промили алкохол.

Во моментот на несреќата дедото бил излезен со третата внука која има само една година.

На распитот дедото рекол дека не забележал дека сопругата пие во станот. Од полицијата наведуваат дека е невозможно некој да има 3 промили алкохол во крвта, а никој да не забележи дека пиел, бидејќи тоа подразбира консумирање голема количина алкохол.

Децата се предадени во Центарот за социјална работа. Не се знае каде се родителите на децата.

 

telegraf.rs