Месец јуни носи многу нестабилни денови и чести врнежи со временски непогоди

Судејќи барем според сегашните излези на прогностичките модели, тие укажуваат на тоа дека  и во јуни месец времето кај нас во Македонија ќе биде многу нестабилно и со честа појава на врнежи од дожд, грмежи, како и појава на временски непогоди.

Се на се, да бидеме подготвени за нови временски непогоди кои би можеле да направат нови штети, и да предизвикаат локални поројни поплавувања. Врнежите во јуни месец ќе бидат натпросечно високи.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат околу, или пак малку над просекот за тој месец, што значи релативно топлото време продолжува, но одсега гледано без некои екстремно високи температури на воздухот.

Во следниот период температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, стои во најновата објава од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk