(ВИДЕО) Падна дрво во близина на „Веро Џамбо“

0
47

Во близина на „Веро Џамбо“, попладнево падна дрво како резултат на силниот ветер, објави Република.

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени повеќе пријави за штети и информации за опасности за граѓаните и околината, настанати од невремето во Скопје, што зафати дел од градот.

За сега билансот, според прводобиените пријави и информации на 112 во ЦУК е следен: дрвја паднати -16, возила оштетени – 3, кабли откачени од бандери – 7, откачени и оштетени кровови – 3 и повредени – 1.

извор: Република.