Грчките власти почнаа да собираат стотици илјади мртви риби кои се појавиле во пристаништето на туристичкото место Волос, откако водата ги исфрли на површина на морето.
Мртвата риба формирала еден вид ќебе на површината на морето, а локалните власти побрзале да ја отстранат пред нејзиниот непријатен мирис да стигне до рестораните и хотелите, објави Ројтерс.
Членот на градскиот совет Стелиос Лимниос изјави дека угинатата риба се проширила со километри.
Ќе се врши во специјализирани лаборатории, каде ќе се пренесат примероци од мртви риби од устието на езерото Карлас во Волос, а потоа ќе се испита можноста некоја супстанца да навлезе во телото на рибата.
Ќе се тестира и квалитетот на водата.
Истрагата ќе се води долж целиот брег на Пагаситикос каде се пронајдени угинатите риби.