Поради ситуацијата со Украина и Русија, германската Влада го запира процесот на одобрување на Северен тек 2, изјавил денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува Тагесшпигел.
Во објавеното соопштение е наведено дека Германија не може да даде зелено светло за гасовод поради моменталната состојба.
Шолц објасни дека барал од Министерството за економија да ги преземе неопходните административни чекори за гасоводот да не биде сертифициран.
-Без овој сертификат, Северен тек 2 не може да почне да работи, вели Шолц.
Рускиот претседател Владимир Путин претодно објави дека земјата ќе продолжи да ги снабдува светските пазари со гас.
Овие негови зборови беа објавени во моменти кога САД и европските земји најавија објавување на нови санкции кон Русија.