More

    (ФОТО) Се реконструира средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“

    Во тек се градежни работи за реконструкција СОСУ „Св. Кири и Методиј“. Вредноста на договорот за реконструкција изнесува 9.220.000,оо денари, средства одвоени од буџетот на Општина Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, беше во посета на училиштето.

    Согласно проектот предвидено е поставување на термо фасада, замена на кровот, санација на внатрешните простории, електрични работи и замена на осветлувањето во спортската сала.

    – За втората фаза обезбедена е проектна документација за промена на начинот на загревање на училишето, наместо на нафта ќе се затоплува со топлински пумпи и трет дел со што ќе се заокружи реновирањето на училиштето ќе биде партерното уредување на дворот со што ќе добие нов лик. Како дел од реконструкцијата ќе се обнови и старата и дотраена електрична инсталација, рече градоначалникот Пецаков.

    Предвидено е во текот на оваа година да се отпочне со реконструкција на три училишта „Христо Узунов“, „Братство Единство“ – Лескајца и „Св. Наум Охридски“- Пештани.

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    overcast clouds
    2.8 ° C
    2.8 °
    2.8 °
    87 %
    1kmh
    100 %
    Thu
    9 °
    Fri
    13 °
    Sat
    15 °
    Sun
    10 °
    Mon
    6 °
    spot_imgspot_img