(ФОТО) Спречен грабеж на банка во Тирана, откриени подземни тунели преку кои требало да се стигне до банката

0
803

Непознати лица планирале да извршат грабеж на банка во еден најнаселените места во Тирана. Полицијата открила дека на булеварот „Зогу I“ се вршеле ископи со подземни тунели преку кои ќе се стигне до внатре во просториите на банката но благодарение на реакцијата на полицијата грабежот е спречен, објави NEWS1.al.

Лицата се обиделе да влезат преку канализациониот канал, но биле забележани. Во акцијата која била во тек тие го фрлиле оружјето на булеварот, кое го пронашла полицијата.

Полициските служби вршат детални увиди за откривање, приведување на сторителите и нивно изведување пред лицето на правдата.

Истражните материјали се препратени до Обвинителството на Судскиот округ Тирана за натамошни процесни дејствија за сторено кривично дело „Кражба на банки и штедилници“ извршено во соработка.

Во познатата серија Casa de Papel, таквите методи беа користени за да се изврши грабеж на банка во Шпанија.

извот: NEWS1.al.