На патот Битола-Ресен, со автомобил удрил двајца полицајци, па со остар предмет повредил еден

0
617

На 21.02.2022 во 11:20 часот во с.Доленци, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода И.Ѓ.(41) од Росоман.

Околу 08:00 часот на патот Битола-Ресен, со возилото „пежо“, кое го управувал, не застанал на знак за запирање од полициски службеници и притоа со возилото удрил двајца од нив.

Набргу откога бил запрен, со остар предмет повредил полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.