More

    (Видео) Снимени руските падобранци како го зазедоа аеродромот на 20 километри од Киев

    Новинар на Си-eн-eн известува дека руските сили го зазеле аеродромот Антонов, кој се наоѓа на околу 20 километри од Киев, главниот град на Украина.

    „Овие војници што ги гледате, тоа се војници од руските воздухопловни сили. Тие го зазедоа аеродромот“, се наведува во ивештајот објавен на „Твитер“ во чиј прилог е прикачено и видео.

    Од раните утрински часови се водат жестоки борби во Украина. Руските сили напаѓаат од повеќе правци, поддржани од сепаратистите и Белорусија. Проектили паѓаат врз украинските градови, се слушаат сирени, а голем број луѓе ги напуштаат градовите.

    Советникот на кабинетот на претседателот на Украина, Микаило Подолијак, денеска соопшти дека постои можност руски војници да влезат во владини објекти во центарот на Киев со цел да се спроведе специјална операција за соборување на украинската влада.

     

    CNN

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img