More

    Министерството за одбрана на Русија: Во Украина се уништени 118 воени објекти

    Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков, соопшти дека руските воени единици уништиле 118 воени објекти во Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).

    Истакнувајќи дека во текот на воената операција повеќе од 150 украински војници го положиле оружјето и се предале, Конашенков наведе дека оние кои потпишале дека нема да се борат, во краток рок ќе бидат испратени кај нивните семејства.

    Потврди дека руските сили уништиле 118 воени објекти на украинската војска. Наведе дека се уништени 13 командни центри, 36 радарски станици, 14 ракетни системи ПВО, 5 дрона, 5 воени авиони, хеликоптер, 18 тенка, 41 воено возило и 5 борбени чамци.

    Соопшти рече дека нуклеарната електрана „Чернобил“ е целосно под контрола на руските воздушно-десантни сили.

    Конашенков информира дека украинската воена единица задолжена за заштита на електраната и руските војници се договориле заеднички да ја осигураат безбедноста на блоковите.

    „Нашите заеднички акции за заштита на електраната се гаранција дека националистички формации или други терористички организации не можат да ја искористат моменталната ситуација во земјата за организирање нуклеарна провокација“, истакна Конашенков.

    Како што рече, нивото на радиоактивноста е нормално во регионот каде што се наоѓа нуклеарната електрана.

    извор: Агенција Анадолија (АА).

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    28.8 ° C
    28.8 °
    28.8 °
    42 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    26 °
    Fri
    35 °
    Sat
    36 °
    Sun
    26 °
    Mon
    20 °
    spot_imgspot_img