Прогласена воздушна опасност во неколку украински градови

0
246

„Киев Индипендент“ објавува дека е прогласена воздушна опасност во неколку украински градови.

Војната во Украина влезе во третиот ден. Борбите не престануваат, има се повеќе жртви. Граѓаните ја напуштаат државата, функционерите повикуваат на преговори. Русите тврдат дека Зеленски го напуштил Киев.

На жителите на Киев им е забрането да ги напуштаат своите куќи до понеделник до 8 часот наутро, пренесуваат агенциите. Попладнево беа затворени и сите станици на метрото во Киев.

„Киев Индипендент“ објави дека страниците на Кремљ се урнати и дека во моментов не може да се пристапи до нив. Се додава дека украинската агенција за телекомуникации известила дека се урнати шест страници од руската влада. „Aнонимуси“, кои најавија дека започнуваат сајбер војна против Русите, пред еден час најавија дека ќе продолжат со нападите.

Претставникот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека по одбивањето на Украина да преговара, издадена е нова наредба.

Таа се однесува на развој на офанзиви во сите правци, пренесуваат медиумите.

„Руско Министерство за одбрана: откако Киев одби да преговара, беше дадена наредба да се развие офанзива“. Откако украинската страна се повлече од преговарачкиот процес, денеска на сите единици им беше наредено да развијат офанзива во сите правци во согласност со оперативниот план“, се вели во соопштението на Министерството.

Забележано е дека групите војници на Доњецк и Луганск ја продолжуваат офанзивата со огнена поддршка на вооружените сили на Русија.

Единици на силите на ЛНР напаѓаат во правец на селото Рубизноје.

 

извор/фото: агенции