Песков: Путин е рамнодушен поради санкциите против него

„Рускиот претседател Владимир Путин е рамнодушен кон санкциите против него, бидејќи тој нема имот во странство“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавија некои руски медиуми.

Тој е прилично рамнодушен, рече Песков на прашањето како Путин лично ги доживува западните санкции против него, додавајќи дека претседателот на Русија годишно го објавува својот имот.

Песков додаде дека Европската унија има непријателски однос кон Русија и презема непријателски мерки.

„Европската унија е здружение кое презема, да ги наречеме работите во нивното вистинско име, непријателски мерки против нас“, додаде Песков.

Во меѓувреме, некои светски агенции јавија дека Песков рекол оти „Русија ќе може да ги отстрани западните санкции поради нејзината инвазија на Украина“. За денеска е закажан и состанок на Путин со официјални лица за да разговара за економското влијание на санкциите.

фото:

TASS