Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека дека согласно одредбите од членот 34 од Законот за изменување и дополнување на Законот за оружјето („Службен весник на Република Македонија“ број 97 од 28.05.2018 година), рокот за замена на дозволите за поседување и носење на оружје, овластување за носење на оружје и дозволите за поседување на оружје, издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење на оружје („Службен весник на СРМ“ број 25/72, 30/72, 18/76, 26/76, 15/83, 51/88 и („Службен весник на Република Македонија“ број 26/93 и 49/2003), истекува на 04.06.2023 година.
Оттаму, сите оние граѓани кои што поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барања за замена на тие дозволи до наведениот рок односно до 04.06.2023 година.
Кон барањето за замена на дозволата, потребно е да се приложи старата дозвола за оружје, а оружјето што ќе биде предмет на пререгистрација, да се донесе на увид.
Граѓаните своите барањата за замена на старите дозволи, потребно е да ги поднесуваат во Отсеците за оружје, експлозивни и опасни материи според местото на живеење во работно време од 08.00 до 16.00 часот, додека граѓаните на Град Скопје, барањата треба да ги поднесуваат во Отсекот за оружје, експлозивни и опасни материи – Скопје, сместен во Полициска станица Автокоманда во работно време од 08.00 до 16.00 часот, со напомена дека уплатата на таксите може да се изврши во банка, пошта или на пост терминал.
извор/фото: агенции