More

    Северен тек 2 ги отпушта сите вработени, бара стечај

    Швајцарската компанија „Nord Stream 2 AG“, која го изгради истоимениот гасовод од Русија до Германија, размислува да поднесе барање за стечај, пишува Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори запознаени со ситуацијата.

    САД воведоа санкции за компанијата минатата недела, откако Русија призна два отцепени региони во источна Украина и започна воена операција во земјата, што предизвика бран економски санкции од Западот.

    Компанијата „North Stream 2 AG“, регистрирана во Швајцарија, а во сопственост на рускиот државен гасен гигант „Газпром“, минатата година ја заврши изградбата на гасовод вреден 11 милијарди долари, со што требаше да се удвои капацитетот за испорака на гас од Русија за Германија.

    Два извори, кои разговараа за Ројтерс под услов да останат анонимни, бидејќи разговорите за потенцијален банкрот се доверливи, кажале дека компанијата работи со финансиски советник за да отплати дел од финансиските обврски за да може формално да покрене стечајна постапка пред швајцарски суд.

    Компанијата не одговорила на барањето на Ројтерс за коментар, додека од „Гаспром“ одбиле да коментираат.

    Гасоводот долг 1.230 километри не започна со комерцијална работа, бидејќи чекаше дозвола од германските регулатори, кои минатата недела го прекинаа процесот на сертификација поради ескалацијата на украинската криза.

    „Гаспром“ плати половина од трошоците за изградба на Северен тек 2, а остатокот од проектот го финансираа британската Шел, австриската ОМВ, француската Анжи и германските компании Унипер и Винтершел ДЕА.

    Швајцарскиот министер за економија Гај Пармелин во понеделникот во интервју за швајцарското радио РТС изјави дека се отпуштени сите вработени во компанијата.

     

    извор/фото: агенции

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    14.8 ° C
    14.8 °
    14.8 °
    88 %
    1kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    28 °
    spot_imgspot_img