Србија нема да ги забрани “Спутник” и “Раша тудеј”

0
381

Западот и Европската Унија со години држат лекции за медиумските слободи, а сега воведуваат брутална цензура за да шират омраза против Русија и рускиот народ.
Ова за Спутник го изјави Ивица Дачиќ, претседател на Собранието на Србија и лидер на СПС, по повод забраната за работа на телевизијата Раша тудеј и Спутник низ Европа.

„Целосно е неприфатливо да се затворат Спутник и РТ во земји кои постојано ќе ги извезуваат нивните „демократски слободи“ низ светот. Така се и овие европски стандарди што треба да ги примениме, да воведеме остра цензура. Србија нема да го направи тоа и нема да ја примени таа цензура и речиси тоталитарни идеи“, ни рече Дачиќ.

 

извор/фото: агенции