Пендаровски со указ го назначи Фрчковски за амбасадор во ОН во Њујорк

Претседателот Стево Пендаровски со указ го назначи професорот Љубомир Фрчкоски за ополномоштен амбасадор на Македонија при Организацијата на Обединетите нации во Њујорк, потврдија за МИА од претседателскиот кабинет.

Инаку, уште во јуни минатата година Министерството за надворешни работи побарало од надлежната комисија во Собранието да закаже седница за презентација на тезите на кандидатот, согласно воспоставената пракса.

Пред еден месец Министерството за надворешни работи упати втора замолница до истата комисија, но претседателот на комисијата повторно одби да закаже седница, по што претседателот Пендаровски го потпиша указот, затоа што сите законски услови беа исполнети, појаснуваат за МИА од Кабинетот на шефот на државата.