(ВИДЕО) Се судрија комбиња на охридски “Галеб” и струшки “Мартиноски” пред Кичево, патиштата воопшто не се чистени

0
801

Kомбиња на охридски “Галеб” и струшки “Мартиноски” се судрија пред Кичево. Патот Охрид – Кичево не е исчистен и сообраќајот се одвива по коловоз прекриен со снег.

Инаку АМСМ информира дека денеска од 17:40 се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крак Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег.

Од 18:00 часот се воведува забрана за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и на превојот Пресека.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, велат од АМСМ и препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.