More

    ОН: Над 1,5 милиони луѓе ја напуштија Украина од почетокот на војната

    Над 1,5 милиони бегалци ја напуштија Украина и отидоа во соседните земји од почетокот на војната на 24 февруари, соопшти денес високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, јавува Агенција Анадолија (АА).

    „Повеќе од 1,5 милиони бегалци од Украина преминаа во соседните земји за 10 дена – најбрзорастечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна“, напиша на Твитер Филипо Гранди.

    Бројката постојано се зголемува, од 1,2 милиони во петокот.

    Според податоците на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХЦХР), од 5 март во Украина загинале најмалку 351 цивил, а 707 други се повредени откако Русија ја започна војната против својот сосед.

    Според податоците на ОН, од 351 загинати 41 се жени, а 22 деца.

    Војната на Русија против Украина предизвика гнев кај меѓународната заедница, при што ЕУ, Велика Британија, САД и други земји наметнаа низа економски санкции кон Москва.

    извор: Агенција Анадолија (АА).

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    14.8 ° C
    14.8 °
    14.8 °
    88 %
    1kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    28 °
    spot_imgspot_img