More

    Основните продукти поскапеа за 70%, а Ковачевски се фали со враќање на дел од одземените пари на пензионерите од само 5.5%, велат од ВМРО ДПМНЕ

    Основните продукти поскапеа за 70%, а Ковачевски се фали со враќање на дел од одземените пари на пензионерите од само 5.5%.
    Во изминативе година ипол основните продукти поскапеа драстично. Млекото е поскапо за 22%, брашното за 38%, зејтинот за 46%, дизелот за 63%, бензинот за 69%. И додека цените на овие продукти вртоглаво растеа, пензиите не се зголемија ниту еднаш. За сега Ковачевски да се фали со 5.5% покачување на пензиите, кое допрва треба да го реализира, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

    Во продолжение го пренесуваме истото во целост:

    Ковачевски не ги зголемува пензиите, туку само го враќа моделот на пресметка за покачување на пензиите кој го укинаа Заев и Царовска, а беше воведен од ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година.

    СДСМ во изминативе 3 ипол години им украде пари на пензионерите, кои нема да ги врати.

    Овие 5.5% најавено покачување одамна се изедени од покачувањето на цените на основните продукти.

    Доколку СДСМ беше искрена со пензионерите ќе го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите за 20%.

    СДСМ се неискрени и земаат од пензионерите, а сега, откако претходно 3 ипол години ги ограбија пензионерите сакаат да ги манипулираат со незначително покачување.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    1.5kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    26 °
    spot_imgspot_img