Лавров патува за Турција на средба со својот украински колега

0
231

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот украински колега Дмитриј Кулеба ќе се сретнат во Турција, потврди руското Министерство за надворешни работи.

Ова ќе биде прва средба меѓу двајцата од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, пишува Си-Ен-Ен.

Лавров оди на меѓународен дипломатски форум во Анталија, а таму се планира неговиот контакт со Кулеб, изјави утрово портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, а јави руската државна новинска агенција РИА Новости.

 

телма.мк