(ВИДЕО) Симовски: 1.836.713 милиони жители живеат во Македонија

0
366

Државниот завод за статистика ги објави официјалните резултати од пописот кој што беше спроведен во септември 2021 година. Како што соопшти директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски вкупниот број на населението во Северна Македонија изнесува 1.836.713 граѓани, додека бројот на нерезидентното население е 260.606 лица, коишто се опфатени со пописот.

Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, а од административни извори биле преземени податоци за 132.260 граѓани.

„Од вкупниот број попишани граѓани, резидентни и нерезидентни, Македонци се 54,21 %, Албанци, 29,52 %, 3,98 % Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи“, информираше Симовски. Од резидентното население, 58,44% се Македонци, а 24,3% се Албанци, соопшти Симовски.

Според бројот на жители најмала е општината Зрновци, а најголема Куманово со 90.104 жители. Просечната возраст на населението е 40,08 години. Забелешани се 207 празни населени места.

Пописот беше спроведен од 5 до 30 септември 2021 година и надлежните го оценија као успешен.Податоците од последниот попис ќе бидат корисни за натамошното креирање на економските, образовни, локални, развојни, инвестициски, земјоделски и други политики.

Проследете го во живо соопштувањето на резултатите од Пописот на населението и домаќинствата