Телефонски разговор Ердоган-Путин: Турција сака да биде домаќин на состанокот на лидерите на Русија и Украина

0
318

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Агенција Анадолија (АА).

Како што соопшти Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган и Путин разговарале за состанокот на преговарачките тимови на Русија и Украина, што се одржа во вторникот во Истанбул.

Ердоган нагласил дека позитивниот и конструктивен состанок на делегациите на Русија и Украина во Истанбул буди надежи за мир.

Напоменувајќи дека е важно страните да се однесуваат разумно и да одржуваат дијалог, Ердоган рече дека со организирање на состанок меѓу рускиот претседател Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски, сакаат да ги крунисаат мировните напори што ги преземаат.

Ердоган во телефонскиот разговор со Путин го повтори предлогот Турција да биде домаќин на состанокот на лидерот на Украина и на Русија.

Путин, од своја страна, му се заблагодари на претседателот Ердоган што беше домаќин на состанокот на преговарачките тимови на Русија и Украина во Истанбул.

Извор:

Агенција Анадолија (АА).