Извор од ДУИ најавува: Во Македонија ќе има предвремени парламентарни избори доколку во јуни нема почеток на преговорите за члeнство во ЕУ

0
384

Во Македонија ќе има предвремени парламентарни избори доколку во јуни нема почеток на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ), соопштил извор близок до Демократската унија за интеграција (ДУИ) за порталот „КД политик“.

Уште се наведува дека доколку дојде до избори ДУИ нема да оди со ниту една од партиите на Македонците, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

Блокадата на парламентот од страна на опозицијата и можниот недостаток на европска перспектива со неопределување датум за преговори не оставаат друг избор освен одржување на нови парламентарни избори-наведува албанскиот медиум.

„Република“ побара коментар од ДУИ, но засега немаме одговор.

извор: „Република“