Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски денеска потпишаа Договор за изградба на нова детска градинка која ќе обезбеди опфат на нови 130 деца од оваа општина.
„Со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски потпишавме Договор за изградба на нова детска градинка како дел од ЈОУДГ „Весели Цветови“ , со капацитет за 130 деца распоредени во 8 групи, “ изјави министерката.
За изградба на оваа детска градинка Министерството од својот буџет инвестира согласно проценетата вредност 50.6 милиони денари со ДДВ, и за опремување дополнително уште 5.6 милиони денари. Општина Делчево учествува со околу 5% во изградбата.
„За Министерството за труд и социјална политика, вложувањето во раниот детски развој е приоритет. Секое дете заслужува можност за квалитетно предучилишно воспитание, затоа што тоа е клучно за правилниот детски развој и претставува подготовка за понатамошниот тек во образовниот процес,“ рече министерката.
фото: Влада
видео: Влада