Не се согласуваат со одлуката на ЕБУ, сакаат да бидат домаќини на Евровизија

0
324

Украина која годинава победи на Евровизија ја осуди во петокот одлуката на Европската радиодифузна унија ЕБУ, да ѝ се одземе улогата на домаќин следната година. Од ЕБУ во петокот ја донесоа оваа одлука поради недоволната безбедност во земјата и руската инвазија.

„Украина не се согласува со природата на оваа одлука која ја донесе Европската радиодифузна унија (ЕБУ)“, рече во соопштението украинскиот министер за култура Олександр Ткаченко.

„Бараме дополнителни преговори за улогата на домаќин на Евровизија 2023 година во Украина“, додаде тој.